Сокот од гоџи и малина е многу повеќе од сок! Тој е и сок, и храна, и лек! Тој е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Препорачливо е дневно да се пијат 250 до 500 ml од овој сок, со што се задоволуваат сите дневни потреби од антиоксиданси, витамини и минерали. Малината е омилен деликатес за многумина. Таа е богата со витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди и биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси, па затоа малината има благотворно дејство при многу здравствени проблеми. За да се добие питок сок, гоџито и малината ги мешаме со сок од јаболко, во однос во кој доминира вкусот и мирисот на малината, а гоџито дава на сокот посебен шмек.
Нутритивни вредности на 100 ml сок:- Енергија: 55 kcal/230 kJ
- Масти: 0,00 %
- Јаглехидрати: 13,10 %
- Влакна: 0,39 %
- Протеини: 0,53 %
- Сол: 0,035 %