Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванс!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ГОЏИ, МАЛИНА И ЈАБОЛКО

БИОПЛАНТ сокот од гоџи и малина го правиме само од сертифицирани органски суровини: гоџи, малина и јаболко. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија.

Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 52 kcal/218 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 12,42 %
  • Влакна: 0,26 %
  • Протеини: 0,44 %
  • Сол: 0,042 %
Дознај повеќе

стаклено шише од 250 ml(дневна доза)

119 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

стаклено шише од 750 ml(семејна дневна доза)

239 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

Сите цени се со вклучен ДДВ

Бенефити од органскиот сок од гоџи, малина и јаболко

Нашиот финален производ е матен сок од гоџи и малина, со неспоредлив вкус! Тоа е комбинација што до сега не е видена во Европа, а плус е 100% органски производ.

За да се добие питок сок, гоџито и малината ги мешаме со сок од јаболко, во однос во кој доминира вкусот и мирисот на малината, а гоџито дава на сокот посебен шмек.

Гоџи е супериорно овошје за кое имаме дадено детални објаснувања на овој сајт, но и во описот на сокот од гоџи и јаболко. Малината е омилен деликатес за многумина. Таа е богата со витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди и биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси, па затоа малината има благотворно дејство при многу здравствени проблеми.

Сокот од гоџи и малина е многу повеќе од сок! Тој е и сок, и храна, и лек! Тој е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Препорачливо е дневно да се пијат 250 до 500 ml од овој сок, со што се задоволуваат сите дневни потреби од антиоксиданси, витамини и минерали.

Ние во сокот не додаваме вода, шеќер ниту конзерванс. Сокот не се расипува затоа што со помош на мошне кратка пастеризација, при затворањето на шишињата, се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот.

На сите етикети од БИОПЛАНТ органските сокови ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во најголемата фабрика во Македонија што произведува органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи