Благодарение на нашите вредни кооперанти – фармери кои одгледуваат сертифицирано органско овошје, ја отворивме најголемата фабрика во Македонија која произведува органски сокови – БИОПЛАНТ.

Органски сок од Јаболко
Во БИОПЛАНТ соковите нема додадено вода, шеќер, конзерванси, емулгатори, вештачки бои или подобрувачи на вкус. Соковите го имаат оној ист интезивен мирис и вкус што го има овошјето од кое тие се направени.
Зошто користиме само 100% органско овошје? Доколку овошјето не е органско, голем дел од хемикалиите употребени во процесот на одгледување (синтетички пестициди и хербициди, тешки метали, синтетички ѓубрива, хормони и други штетни материи), исто така ќе бидат дел од сокот.
Органски сок од Гоџи и Малина
Биоплант Каталог
Наша определба е да произведуваме сокови кои по квалитет ќе бидат како тие да се направени дома, по можност дури и да се подобри!
Бидејќи не секогаш дома имате органско овошје, а ние го имаме на располагање во текот на целата година, но и поради фактот што ние користиме најсовремена технологија за производство на природни овошни сокови, одлучивме да Ви понудиме исцеден органски сок во шише, кој може да го пиете во секое време, на секое место.
Знаеме дека за Вас и за Вашите најмили, кога квалитетот е во прашање, нема компромис! Затоа и ние со нашите сокови не правиме никаков компромис – користиме само најквалитетно органско овошје, внимателно го пребираме и миеме, го мелиме и цедиме, кратко го пастеризираме за да добиеме вакуум кој нема да дозволи воздухот да допре до сокот спакуван во стаклена амбалажа, која на крај ја преслекуваме со специјална фолија, која го спречува лошото влијание на сончевата светлина врз квалитетот и вкусот на сокот, а истовремено нуди можност за уникатен дизајн и препознатливост.
Органски сок од Гоџи и Јаболко
Ние се определивме за органско овошје, произведено на еколошки чиста и здрава земја, во чисто опкружување и кое не е хемиски третирано. Овошјето што го употребуваме за сок е сертифицирано од официјално сертификациско тело. Целокупното наше производство на органски сокови е сертифицирано по европски стандарди.
Токму поради фактот што органското овошје е помалку застапено и е поскапо, нашите производствени капацитети можеби не се толку големи како што вообичаено се оние каде се преработува конвенционално овошје. Можеби сме мали по капацитет, но не нудиме квантитет, туку квалитет! 100% органски квалитет!
Биоплант органски сокови од Гоџи и Вишна

„Биоплант“- од гоџи садници до бренд органски сокови

Од гоџи садници, до производство на сок.

„Биоплант“ стартуваше како единствен сертифициран расадник за органско гоџи во Македонија и единствен откупувач на Балканот. Сега Анима, чија подружница е „Биоплант“, прерасна во можеби најголем откупувач на органско овошје во Македонија.

линк до целиот напис во специјализираниот портал Анторис магазин