Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванс!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ЈАБОЛКО

БИОПЛАНТ сокот од јаболко го правиме само од сертифицирани органски македонски јаболка. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија. Овој сок го нудиме и во семејно економично bag-in-box пакување од 1,75 литри.

Нашиот финален производ е матен сок од органско јаболко, кој содржи четири пати поголема концентрација на полифеноли во однос на бистриот сок од јаболко. Полифенолите се активни антиоксиданси за кои се верува дека спречуваат појава на кардиоваскуларни болести и рак. Потрошувачите почесто го купуваат бистриот отколку матниот сок од јаболко, веројатно поради тоа што мислат дека бистриот сок е почист, а токму во процесот на производство на бистриот сок, се отстрануваат полезните состојки на јаболковата пулпа. Затоа, не грижете се кога во матен сок ќе забележите талог, тоа е само доказ дека во него навистина има овошје.

Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 56 kcal/234 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 13,50 %
  • Влакна: 0,27 %
  • Протеини: 0,39 %
  • Сол: 0,035 %
Дознај повеќе

стаклено шише од 250 ml(дневна доза)

89 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

стаклено шише од 750 ml(семејна дневна доза)

179 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

bag in box 1.75 L(семејно пакување)

299 ден
  • цена за bag in box од 1.75 L

Сите цени се со вклучен ДДВ

Бенефити од органскиот сок од јабоко

Во БИОПЛАНТ соковите не додаваме ниту капка вода! Не додаваме ниту какви било подобрувачи на вкус! Затоа се случува нашиот сок од јаболко да го нема секогаш истиот вкус – понекогаш тој може малку да е посладок, друг пат малку покрасат, а тоа зависи од сортите кои се мешаат, но и од периодот на преработка на јаболкото. Доколку додаваме вода и подобрувачи на вкус, ние би можеле да го дотераме вкусот да биде секогаш ист. Но, ние тоа не го правиме за Вие да добиете 100% природен сок од органско јаболко.
Без никакви додатоци и без никаква хемија!

Сокот има рок на траење една година и не се расипува затоа што со помош на кратка пастеризација, при затворањето на шишињата (или bag-in-box вреќичките), се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот. По отворањето, сокот се чува во ладилник и трае два дена. Сокот пакуван во bag-in-box е најдобар за употреба до 30 денови од отворањето.

Органскиот сок од јаболко е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам: витамини C, A, E, B1, B2, B6, бета-каротен, диетални влакна, минерали, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Благодарение на високиот процент на јагленохидрати, посебно фруктоза (овошен шеќер) и глукоза (гроздов шеќер), го снабдува организмот со енергија, го спречува заморот и губењето концентрација.

Сокот од јаболко успешно ја гаси жедта и освежува после напорен тренинг. Значајно го смалува ризикот од добивањето срцеви заболувања, лош холестерол, астма, болести на бубрезите и црниот дроб. Благодарение на калиумот, го стимулира лачењето на вишокот течности од телото, што го прави одличен за губење на тежината. Исто така е одличен за луѓето кои страдаат од артритис и ревматизам, го подобрува функционирањето и здравјето на цревата со спречување на појава на запек, го подобрува варењето на храната и елиминирањето на штетните материи од телото. Содржи антиоксиданси кои можат да ја спречат појавата на рак.

На сите етикети од БИОПЛАНТ органските сокови ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во најголемата фабрика во Македонија што произведува органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи