Упатство за нарачка преку Е-продавница

Ние не бараме нашите корисници да отвораат сметка кај нас и да се регистрираат. Сметаме дека тоа не само што е непотребно, туку е и здодевно за најголемиот број на купувачи. Затоа, го направивме овој лесен систем за нарачување каде што во неколку лесни чекори ќе можете да ги нарачате саканите производи.

Информациите за соковите, цените и пакувањата можете да ги најдете во секцијата Органски сокови. Од таму можете да се префрлите и до секцијата каде што можете да направите и нарачка.

Соковите можете бесплатно да ги пробате и купите кај нас (нашата локација можете да ја проверите на мапата). Доколку не сте во можност да го направите тоа, соковите можете да ги нарачате на овој сајт, а ние ќе Ви ги испорачаме по карго. Нарачаните сокови ќе ги платите во моментот кога ќе ви бидат испорачани од страна на карго службата. Во конечната цена ќе биде вкалкулирана и цената на испораката од 150 денари, освен доколку не ги исполните условите за бесплатна испорака. Бесплатна испорака ќе добиете доколку вкупниот износ на нарачаните производи надминува 900 денари, или пак нарачате некој од нашите пакети за кои следува бесплатна испорака. Доколку во нарачката сте исполниле било кој услов за бесплатна испорака, за сите останати производи испораката ќе биде бесплатна!

Во менито од сајтот имаме поставено линк до нашата Е-продавница каде што можете да ја видите целата наша понуда и да започнете со процесот на нарачка.  Под сликите од производите има икони “Додај во кошничка“ и “Детали”.  Доколку кликнете на иконата “Додај во кошничка“, само еден (во количина) производ  од вашиот избор ќе биде додаден во кошничката.

Доколку кликнете на иконата “Детали” или пак на сликата од производот, ќе се отвори нова страна со детално објаснување за производот од каде што можете да нарачате количина по ваш избор преку копчињата + и -, или пак со директно внесување на саканата количина. Следно што треба да направите е да кликнете на полето “Додај во кошничка“. На тој начин производот ќе влезе во вашата виртуелна кошничка. Доколку сакате да разгледувате други производи, продолжете со разгледување, а производот ќе Ве чека во Вашата кошничка за тоа време.

Што имате нарачано можете да проверите со кликање врз текстот “Погледни кошничка” или пак на иконата што ќе се појави во горниот десен агол од менито.

Во вашата виртуелна кошничка ќе бидат прикажани сите производи што ги нарачувате. Доколку сте задоволни со вашата нарачка, можете да продолжите со потврда на нарачката (копче 1 – “Продолжи кон наплата”). Доколку пак сакате да направите промена, ви стојат на раполагање 2 опции. Во случај да сакате да исфрлите некој производ од кошничката, доволно е да кликнете врз знакот X (2), и со тоа тој производ ќе биде отстранет од кошничката, а износот на вкупната нарачка ќе се ажурира автоматски. Доколку пак сакате да ја промените количината која ја нарачувате, тоа треба да го направите со користење на копчињата + или -, или пак со внесување на саканата количина (3). Потоа треба да ги потврдите направените промени со кликање на копчето “Ажурирај ги промените” (4). На тој начин ќе биде ажуриран и прикажан вкупниот износ што треба да го платите за производите што ги нарачувате. Доколку сте завршиле со промените, кликнете на копчето “Продолжи кон наплата” (1).

Следниот чекор е внесување на Вашите податоци во формата “Податоци за наплата” која ќе се појави на следната страна. Пополнувањето на сите полиња е задолжително! Тие информации служат за контакт со Вас зa потврда на нарачката (по емаил и телефон), како и адресата каде треба да бидат испорачани нарачаните производи.
Последниот чекор во процесот на нарачката е со кликнување на копчето “Направи нарачка” кое се наоѓа најдолу на страната. На наведената адреса ќе биде испорачана Вашата нарачка, а износот за нарачаните производи ќе го платите на лицето од карго службата при преземањето.
Информациите што ќе ги внесете нема да бидат споделени со никого надвор од нашата фирма, освен со службата која ќе Ви ги испорача нарачаните производи.