– ГЛИСТАЛ – ЦВРСТО 100% OРГАНСКО МИКРОБИОЛОШКО ЃУБРЕ ОД КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ – 400 kg, односно 800 L (по 1 kg, односно 2 L за една садница). Ги содржи сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Не може да се предозира. Содржи 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре. Глисталот се користи за правење на сувата смеса (подолу е објаснета целата постапка).
Ориентациска цена:
11 EUR/вреќа од 20 kg (40 L)
Трошок за 1 dka:
20 вреќи x 11 EUR = 220 EUR
– ЗЕОФИТ – 200 kg (по 0,5 kg за една садница). Претставува природно минерална еколошки потполно чиста суровина, која спаѓа во групата на зеолитизирани вулкански руди – Зеолити. Зеофитот е подобрувач на структурата на почвата, деконтаминатор, регулатор на PH вредностa, подобрувач на водно – воздушниот режим на почвата и одржува константна влага. Се користи за правење на сувата (0,4 kg ), но и на течната смеса (0,1 kg). Подолу е објаснета целата постапка на подготовка на смесите.
Ориентациска цена:
6 EUR/вреќа од 25 kg
Трошок за 1 dka:
8 вреќи x 6 EUR = 48 EUR
– ОРГАНСКО ЃУБРЕ – 80 kg (по 200 g на садница), каде хумусот во прав е добиен со мешање на ферментирано ѓубре од крави, кокошки и други животни. Ваквото ѓубре содржи висок процент на хранливи состојки кои значително влијаат на вкупната структура и плодност на почвата. Тоа се користи за правење на течната смеса (подолу е објаснета целата постапка).
Ориентациска цена:
8 EUR/вреќа од 25 kg
Трошок за 1 dk:
3 до 4 вреќи x 8 EUR = 24 до 32 EUR