Со минимум 400 купени садници, станувате кооперант на БИОПЛАНТ
Комерцијалниот интерес за гоџи, во светски рамки, е огромен. Направени се инвестиции за милијарди долари, кои вклучуваат одгледување, чување, обработка, пакување и дистрибуција на гоџи. Има интерес за сите видови гоџи продукти: свежи, замрзнати или сушени плодови, преработки како сок, слатко, екстракт и др.
Гоџи успева на речиси секакви почви до шеста-седма категорија, со pH вредност од 5 до 8, а поалкалните и порастресити почви се идеални. Земјиштето не смее да содржи тешки метали и не смее да има голема влажност (идеалната влажност е околу 50%).
БИОПЛАНТ нуди сертифициран саден материјал од гоџи (Lycium barbarum) од сортата Ningxia No.1, која се одликува по својот крупен и вкусен плод. Растението е повеќегодишно и дава плод повеќе од 30 години.
За богат род потребно е наводнување (најдобро е со систем капка-по-капка), така што секоја садница треба неделно минимално да добива 10-15 литри вода.
За плантажно одгледување, каде што обработката на почвата се врши механизирано, растојанието меѓу редовите треба да биде помеѓу 2 и 2,5 m, а меѓу садниците помеѓу 1 до 1,5 m. Ние препорачуваме 400 садници за 1 dkа (1.000 m2).
За помали насади или за домашни градини, каде што обработката на почвата се врши рачно, растојанието меѓу редовите може да биде 1,5 m, a меѓу садниците 1 m.
Во просторот помеѓу редовите препорачуваме да се посее детелина, која ќе ја спречи појавата на коров, која ќе го пренесува азотот од воздухот во почвата и ќе ги привлекува пчелите со своите цветови.
Негата на посевите се врши на пролет, кога растението се обликува и крои, а заштитата се врши со препарати дозволени во органското производство.
Плодот созрева сукцесивно, па затоа има повеќе берби, кои започнуваат од јуни и траат до крајот на октомври, но главната берба е во август и септември. Берењето се врши рачно.
Плантажното одгледување на гоџи е најпрофитабилниот агробизнис во Македонија, благодарение на гарантираниот откуп кој БИОПЛАНТ го обезбедува само на своите кооперанти.
На табелата подолу се дадени официјални информации од државниот завод за статистика, колку изнесуваат просечните бруто добивки од некои земјоделски култури во Македонија (со вклучени субвенции), за да можете да ги споредите со бруто добивките (и тоа без вклучени субвенции) кои би ги добиле од плантажното одгледување гоџи.
Вид на култура | Вкупен просечен годишен приход од 1 dkа во Македонија, во EUR |
---|---|
Пченица | 80-90 |
Пченка | 100-110 |
Компир | 200-210 |
Грозје (вранец) | 300 |
Тутун | 300-400 |
Јаболка | 350-400 |
Ориз | 500-600 |
Домати | 800-850 |
Лешник (некршен, по 7-ма год.) | 1.000 |
Од плантажното одгледување на гоџи годишно може да се заработат многу повеќе пари од која било друга култура (видете ја долната табела).
Гоџи сорта Ningxia No.1 | Минимален принос | Гарантирана цена | Вкупен годишен приход од откуп, без додадени субвенции од 1 dka (400 садници) |
---|---|---|---|
Прва година | 0,0 kg | * | * |
Втора година | 0,5 kg | * | * |
Трета година | 1,0 kg | 5 EUR/kg | 2.000 EUR |
Четврта година | 1,5 kg | 5 EUR/kg | 3.000 EUR |
Од петтата година | 2,0 kg | 5 EUR/kg | 4.000 EUR |
Од шестата година, па натаму | 3,0 kg | 5 EUR/kg | 6.000 EUR |