ГОЏИ - СВЕТИОТ ГРАЛ ВО ЗДРАВАТА ИСХРАНА

Не постои друго растение со толку многу антиоксиданси, аминокиселини, есенцијални масни киселини, минерали, витамини и други корисни состојки. Затоа гоџи е супериорно овошје!

  • Содржи 18 амино киселини, дури шест пати повеќе отколку што има во матичниот млеч, кој се смета за супер-храна! Од нив, дури осум се есенцијални, односно се незаменливи бидејќи не се синтезират од човечкото тело,

  • Дури 21 минерал, меѓу кои антиканцерогениот германиум, потоа содржи калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен, јод и други,

  • 29 видови есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем,

  • 6 основни витамини: Ц (500% повеќе отколку во портокалите), комплекс Б витамини неопходни за претворање на храната во енергија (Б1, Б2, Б6), потоа витамин E (ретко го има во овошјето) и провитамин А (исто колку и во морковите),

  • повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),

  • Циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми,

  • полисахариди,

  • солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,

  • Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б,

  • Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кој ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црниот дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК,

  • Комплетен спектар на антиоксиданси – каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеаксантин (друг каротеноид кој ги штити очите). Гоџи е најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници,

  • Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс. Се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ).