ЗАСАДУВАЊЕ И ФОРМИРАЊЕ ПЛАНТАЖА ОД ГОЏИ

За плантажа од 1 dka (1.000 m2) потребни ви се:
– 400 САДНИЦИ ГОЏИ

За пролетно и летно садење садниците се во контејнери
За есенско и зимско садење садниците се одрвенети

Цена:
10 EUR двогодишен садник (во саксија)

Трошок за 1 dka:
400 двогодишни садници х 10 EUR = 4.000 EUR

ГЛИСТАЛ – ЦВРСТО 100% OРГАНСКО МИКРОБИОЛОШКО ЃУБРЕ ОД КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ – 400 kg, односно 800 L (по 1 kg, односно 2 L за една садница). Ги содржи сите органогени елементи, микроелементи и биоактивни микроорганизми. Не може да се предозира. Содржи 5 пати повеќе азот, 7 пати повеќе фосфор, 11 пати повеќе калиум и 3 пати повеќе магнезиум од арското ѓубре. Глисталот се користи за правење на сувата смеса (подолу е објаснета целата постапка).
Ориентациска цена:
11 EUR/вреќа од 20 kg (40 L)
Трошок за 1 dka:
20 вреќи x 11 EUR = 220 EUR
ЗЕОФИТ – 200 kg (по 0,5 kg за една садница). Претставува природно минерална еколошки потполно чиста суровина, која спаѓа во групата на зеолитизирани вулкански руди – Зеолити. Зеофитот е подобрувач на структурата на почвата, деконтаминатор, регулатор на PH вредностa, подобрувач на водно – воздушниот режим на почвата и одржува константна влага. Се користи за правење на сувата (0,4 kg ), но и на течната смеса (0,1 kg). Подолу е објаснета целата постапка на подготовка на смесите.
Ориентациска цена:
6 EUR/вреќа од 25 kg
Трошок за 1 dka:
8 вреќи x 6 EUR = 48 EUR
ОРГАНСКО ЃУБРЕ – 80 kg (по 200 g на садница), каде хумусот во прав е добиен со мешање на ферментирано ѓубре од крави, кокошки и други животни. Ваквото ѓубре содржи висок процент на хранливи состојки кои значително влијаат на вкупната структура и плодност на почвата. Тоа се користи за правење на течната смеса (подолу е објаснета целата постапка).
Ориентациска цена:
8 EUR/вреќа од 25 kg
Трошок за 1 dk:
3 до 4 вреќи x 8 EUR = 24 до 32 EUR

ПОДГОТОВКА ЗА САДЕЊЕ

За плантажно одгледување препорачуваме густина на садење 2 до 2,5 m меѓу редoвите, а растојанието помеѓу садниците во редовите препорачливо е да биде 1 до 1,5 m. Во домашни градини и бавчи можете да го засадите на 1,5 m растојание меѓу редовите и 1 m меѓу садниците во редовите. Гоџито сака сонце, така што одберете осончано место, на југ.
Со колчиња обележете го секое место за дупчење. Издупчете јами со пречник 30 до 40 cm и со длабочина 50 cm. Овој процес најбрзо се врши со сврдел за садници монтиран на трактор или со рачна моторна дупчалка со сврдел за земја.
Пожелно е да поставете столбови со жици во три нивоа или барем, за почеток, заострени летви (колци) 2 m и низ нив спроведете една жица на која ќе се држат садниците.

ПОДГОТОВКА НА СУВАТА СМЕСА

Ситната земја која е извадена за време на копањето јами се меша со 0,5 kg (1 L) глистал и со 0,4 kg Зеофит. За поефикасно работење можете да употребите лопати и гребла за мешање поголеми количини глистал, Зеофит и ситна земја, а потоа со рачна количка да ја носите сувата смеса до јамите.

ПОДГОТОВКА НА ТЕЧНАТА СМЕСА

Наполнете една рачна количка со глистал (една вреќа од 40 L), додадете органско ѓубре 12 до 14 kg, сипете 6 до 7 kg Зеофит и промешајте. Кога ќе се потроши, направете нова количина.
Во поголемо корито ставајте со лопата од смесата од количката (глистал, органско ѓубре и Зеофит) и додавајте вода, сè додека не добиете течна смеса (како јогурт). Кога ќе се потроши смесата од коритото, направете нова количина.

ПРОЛЕТНО И ЛЕТНО ЗАСАДУВАЊЕ ГОЏИ

1. Ископајте јама со широчина 40 цм. и длабочина 50цм. Поставете колец за кој лабаво ќе се врзе садницата.
2. Пополнете ја јамата 2/3 со претходно подготвената сува смеса од глистал, зеофит и ситна земја извадена од јамата.
3. Извадете ја садницата од контејнерот (саксијата) и ставете ја во јамата. Околу садницата ставете една фангла од течната смеса.
4. Преостанатиот простор околу садницата пополнете го со сувата смеса, притиснете со раце околу садницата и залејте со вода. На крај врзете ја садницата лабаво на две места за колецот.

ЕСЕНСКО И ЗИМСКО ЗАСАДУВАЊЕ ГОЏИ

1. Ископајте јама со широчина 40 цм. и длабочина 50цм. Поставете колец за кој лабаво ќе се врзе садницата.
2. Пополнете ја јамата до врв со сувата смеса од глистал, зеофит и ситна земја извадена при копањето на јамата.
3. Со цилиндричен предмет (на пр. пластична цевка) со пречник 8 мм втиснете простор со длабочина околу 15 цм. и во него положете го кореновиот систем на садницата.
4. Просторот пополнете го со течната смеса, притиснете со раце околу садницата и залејте со вода. На крај врзете ја садницата лабаво на две места за колецот.
Садниците од гоџи можат да бидат контејнерски (за пролетно и летно садење) или одрвенети (за зимско садење). Доколку се контејнерски, внимателно отстранете го пластичниот или стиропорниот контејнер (можете слободно да го исечете со ножици или скалпел, затоа што истиот не смее повторно да се употребува). Важно e хомогената смеса, односно супстратот од саксијата да не го растурите, за да не се испокинат жиличките на коренот.
Од горните цртежи ќе дознаете етапно како се засадува гоџито.
Доколку имата поставено столбови (потпирачи) за шпалир, тогаш треба да се развлечат поцинкувани жици и тоа: првата за системот капка-по-капка (со дебелина 2,5 mm) на 40 cm од земјата, втората жица (1,7 mm) на 1,2 m и третата (1,7 mm) на висина 1,8 m од земјата. Помеѓу жиците, вертикално, се врзува јаже (манила), за да садницата има правец во текот на растењето. Самата садница се прикачува на јажето (манилата) со помош на спојници.