Сок од јаболко 2019-12-19T15:51:56+00:00

Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванси!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН СОК ОД ЈАБОЛКО

ладно цеден придоден сок од јаболки

БИОПЛАНТ сокот од јаболко го правиме од македонски стандардни конзумни јаболка. Со внимателно одбирање и микс на неколку сорти јаболкa добиваме комбинација која прави сокот да го има вистинскиот сооднос на јаболкова арома и овошни шеќери, со неспоредлив вкус и квалитет кој е погоден за конзумација од страна на сите генерации.
Не користиме концентрат, шеќер или друг засладувач, вештачка арома или конзерванс, вообичаена пракса кај многу други производители на т.н. “природни” сокови.

Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 58 kcal/244 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 14,20 %
  • Влакна: 0,25 %
  • Протеини: 0,44 %
  • Сол: 0,035 %
Дознај повеќе

bag in box 1.75 L
(семејно пакување)

169 ден
  • цена за bag in box од 1.75 L

семејно неделно пакување:
7 x 1.75 L + 1 гратис

1183 ден
  • (147,87 ден bag in box од 1.75 L)

Сите цени се со вклучен ДДВ

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ:
БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ДО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ КАНЦЕЛАРИЈА за сите неделни и месечни пакувања. Доставата се врши низ цела Македонија.
Јавете се на тел. 075 306 030 или посетете ги нашите простории.

Доколку НЕ купувате неделно семејно пакување, доставата се наплаќа според ценовникот на КАРГО ЕКСПРЕС. Минимална нарачка е една bag in box кутија од 1.75 L.

Бенефити од сокот од јабоко

Во БИОПЛАНТ соковите не додаваме ниту капка вода! Не додаваме ниту какви било подобрувачи на вкус! Затоа се случува нашиот сок од јаболко да го нема секогаш истиот вкус – понекогаш тој може малку да е посладок, друг пат малку покрасат, а тоа зависи од сортите кои се мешаат, но и од периодот на преработка на јаболкото. Доколку додаваме вода и подобрувачи на вкус, ние би можеле да го дотераме вкусот да биде секогаш ист. Но, ние тоа не го правиме и се трудиме она што ќе го пиете да биде 100% природен сок од јаболко. Без никакви додатоци и без никаква хемија!

Користиме најсовремена технологија за пресување на јаболката, со што се зачувуваат сите корисни елементи. Потоа добиениот сок кратко го пастеризираме, со што се елиминира потребата за додавање конзерванс.

БИОПЛАНТ сокот од јаболко е извонреден извор на калиум и природни киселини. Анализите покажуваат дека матните сокови содржат барем 62% повеќе полифеноли отколку бистрите сокови. Полифенолите спречуваат LDL (лошиот) холестерол да оксидира и да се складира во крвните садови. Зголеменото ниво на LDL го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Затоа сокот од јаболко особено се препорачува на особи кои имаат проблеми со крвните садови и со срцеви заболувања, но и како превенција кај здрави особи.

Други студии покажуваат дека сокот од јаболко благотворно влијае на работата на мозокот и менталното здравје воопшто кај повозрасните особи, благодарение на антиоксидантните својства на полифенолот. Тие ги штитат мозочните клетки од оштетувањата кои можат да ги предизвикаат нестабилните молекули наречени слободни радикали.

БИОПЛАНТ сокот од јаболко го пакуваме само во bag-in-box од 1,75 литри. За најдобар квалитет и свежина, препорачливо е сокот да го употребите во рок од 30 денови од отворањето.

Pin It on Pinterest

Share This