Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванс!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ГОЏИ, ВИШНА И ЈАБОЛКО

БИОПЛАНТ сокот од гоџи и вишна го правиме само од сертифицирани органски суровини: гоџи, вишна и јаболко. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија.

Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 65 kcal/272 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 15,80 %
  • Влакна: 0,25 %
  • Протеини: 0,22 %
  • Сол: 0,035 %
Дознај повеќе

стаклено шише од 250 ml
(дневна доза)

109 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

стаклено шише од 750 ml
(семејна дневна доза)

219 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

Сите цени се со вклучен ДДВ

Бенефити од органскиот сок од гоџи, вишна и јаболко

Нашиот финален производ е матен сок од гоџи и вишна, со неспоредлив вкус! Тоа е комбинација што до сега не е видена во Македонија, а плус е 100% органски производ.

За да се добие питок сок, гоџито и вишната ги мешаме со сок од јаболко, во однос во кој доминира вкусот и мирисот на вишната, а гоџито дава на сокот посебен шмек.

Гоџи е супериорно овошје за кое имаме дадено детални објаснувања на овој сајт, но и во описот на сокот од гоџи и јаболко. Вишната е омилен деликатес за многумина. Таа е богата со витамини, содржи многу антиоксиданти и има многу состојки за кои се смета дека го намалуваат воспалението на мускулите и високиот крвен притисок, го помага варењето на храната. Исто така, вишната содржи мелатонин, кој го подобрува спиењето.

Сокот од вишни е популарен пијалак со неколку здравствени придобивки – го зајакнува имунолошкиот систем, ја подобрува меморијата и помага на луѓето побрзо да се опорават после тренинг.

Сокот од гоџи и вишна е многу повеќе од сок! Тој е и сок, и храна, и лек! Тој е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Препорачливо е дневно да се пијат 250 до 500 ml од овој сок, со што се задоволуваат сите дневни потреби од антиоксиданси, витамини и минерали.

Ние во сокот не додаваме вода, шеќер ниту конзерванс. Сокот не се расипува затоа што со помош на мошне кратка пастеризација, при затворањето на шишињата, се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот.

На сите етикети од БИОПЛАНТ органските сокови ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во најголемата фабрика во Македонија што произведува органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи