Utilizza Google translate per leggere questa pagina nella tua lingua preferita.

МИА – 16.10.2021

Главните готвачи на кралицата Елизабета, на Макрон и на Елтон Џон „опиени“ од вкусот на македонскиот органски сок

Главните готвачи на кралицата Елизабета, на францускиот претседател Емануел Макрон и на светската музичка ѕвезда Елтон Џон, беа дел од жирито на Меѓународниот институт за дегустација од Брисел кое годинава одлучи македонскиот „Биоплант“ цеден органски сок од гоџи, вишна и јаболко да ја добие престижната награда „Superior Taste Award 2021“.

Жирито броеше 200 члена, меѓу кои и најдобрите светски готвачи и сомелиери од 20 држави.

Но, „Биоплант“ соковите неодамна се закитија и со уште една голема меѓународна награда – „Grate Taste 2021“, овој пат од 500-членото жири на „Guild of Fine Food“ од Велика Британија – најстарата светска манифестација за оценување на квалитетот на храната и пијалаците. Секој пријавен производ на овој „натпревар“, „исправен“ пред готвачи, сомелиери, купувачи и трговци, добива директни, јасни, непристрасни и искрени мислења врз основа на многу изострени критериуми.

Иновативност – 03.07.2021

Ванчо Зрнцев: Органскиот сок од гоџи, вишни и јаболка на „Биоплант“ доби Oскар за супериорен вкус!

Густиот сок од органски гоџи, вишни и јаболка, на македонската компанија „Биоплант“, неодмна беше награден од Меѓународниот институт за вкус од Брисел со наградата за супериорен вкус, Superior Taste Award. Целата суровина, како и соковите се произведени во земјава од производители кои се сертифицирани со ЕУ сертификати за органско производство. Компанијата, како што вели нејзиниот сопственик, Ванчо Зрнцев, произведува и саден материјал за гоџи бери и го промовира органското произвоство кај локалните кооперанти. Во план им е зголемување на асортиманот на производи, но и проширување на пазарите во Азија.

Прочитај го целиот напис (линк).

Certificate_Bioplant

Иновативност – 08.06.2021

Македонските „Биоплант“ органски сокови од гоџи, цреша и јаболко добија престижна меѓународна награда!

Престижната награда „Супериорен вкус“ која ја доделува International taste Institute од Брисел е големо признание за домашната компанија Биоплант и како што вели нејзиниот сопственик Ванчо Зрнцев признание за напорите на компанија за производство на органски сокови со врвен квалитет.

Прочитај го целиот напис (линк).

Аноторис – 02.06.2021

„Биоплант“- од гоџи садници до бренд органски сокови

„Биоплант“ од гоџи садници до бренд органски сокови. „Биоплант“ стартуваше како единствен сертифициран расадник за органско гоџи во Македонија и единствен откупувач на Балканот. Сега Анима, чија подружница е „Биоплант“, прерасна во можеби најголем откупувач на органско овошје во Македонија.

„Другите прават сокови, ние цедиме овошје. Не користиме каша, додатоци, конзерванси, туку го цедиме овошјето. Создадовме бренд- цедени сокови Биоплант“. Вака го започна разговорот за Анторис магазин, сопственикот на Анима дооел Скопје, Ванчо Зрнцев, инспиративен, креативен и неуморлив човек кога се во прашање нови бизниси на македонскиот пазар.

Инсторе – 27.08.2019

Биоплант: Сè почнува од една луда идеја…

Ванчо Зрнцев по професија е градежен техничар, а по вокација и електроинженер и агроном… Тој е сопственик на „Анима“, компанија што се занимава со ГПС-услуги, истражување и пронаоѓање подземни води и дупчење бунари, како и со увоз и продажба на фотелји за масажа. „Анима“ е формирана во 2001 година и како што вели Ванчо, оттогаш досега, на неколку години додава по некој нов бизнис. Во 2014 година била формирана подружницата „Биоплант“, кога почнал увозот на саден материјал од бобинките гоџи и од брзорастечкото дрво пауловнија. Денес основната функција на „Биоплант“ е производство на премиум органски сокови, чија заедничка состојка е токму гоџито.
Од семче до премиум органски сок
Кругот е затворен – од семче гоџи, производство на садници, продажба на сертифициран саден материјал, одгледување и гарантиран откуп на родот, до производство на сок.

Прочитај го целиот напис (линк).

Иновативност – 18.08.2018

Компанијата „Биоплант“ го донесе гоџи-моќното овошје од Тибет и во Македонија

Енергичен и полн со позитивна енергија, Ванчо Зрнцев, сопственикот на компанијата „Анима“, успешно и истовремено води четири бизниси. „Не знаете колку работи имам направено прв во Македонија“, вели тој за себе. „Едноставно, не ми е страв да се впуштам во нешто ново, без разлика на неизвесноста на исходот“. Денес, тој и неговиот тим развиваат ГПС услуги и навигации, пронаоѓаат подземни води и дупчат бунари, увезуваат и продаваат фотелји за масажа и се занимаваат со агробизнис. Зрнцев го направи и првиот регистриран електромобил во Македонија.
Со Зрнцев е поврзана и приказната за првата плантажа на гоџи во нашата земја. Тоа е дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Зрнцев за Иновативност ја раскажа приказната за производството на органско гоџи во Македонија и најави дека, наскоро земјава ќе стане и производител на сок од овој плод.

Прочитај го целиот напис (линк).