Сокот од гоџи и малина е многу повеќе од сок! Тој е и сок, и храна, и лек! Тој е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Препорачливо е дневно да се пијат 250 до 500 ml од овој сок, со што се задоволуваат сите дневни потреби од антиоксиданси, витамини и минерали.
Малината е омилен деликатес за многумина. Таа е богата со витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди и биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси, па затоа малината има благотворно дејство при многу здравствени проблеми.
За да се добие питок сок, гоџито и малината ги мешаме со сок од јаболко, во однос во кој доминира вкусот и мирисот на малината, а гоџито дава на сокот посебен шмек.

Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 55 kcal/230 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 13,10 %
  • Влакна: 0,39 %
  • Протеини: 0,53 %
  • Сол: 0,035 %