Loading...
za nas 2018-06-21T11:21:23+00:00

Мотивот да се формира БИОПЛАНТ беше да се понуди нешто ново во агробизнисот во Македонија – понуда на високопрофитабилни растенија, со чие одгледување може да се заработи повеќе од која било друга култура и истовремено да се понуди загарантиран откуп.

БИОПЛАНТ го има единствениот расадник за гоџи во Македонија, во кој се произведува сертифициран саден материјал, под контрола на стручни лица од Факултетот за земјоделство и храна – Скопје.

Освен саден материјал oд овие две растенија, БИОПЛАНТ го нуди она што на секој производител му е најважно – загарантиран откуп на целото производство на гоџи, и секако – навремена исплата. Кооперантите на БИОПЛАНТ бесплатно ја добиваат технологијата на производство, а за совети и бесплатни консултации на располагање е стручниот тим на БИОПЛАНТ.

БИОПЛАНТ е подружница на фирмата АНИМА ДООЕЛ Скопје (www.anima.com.mk), која е формирана 2001 година.