Loading...
sto e goji 2018-07-09T10:46:34+00:00

ГОЏИ – ФОНТАНА НА МЛАДОСТА

Гоџи е дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Во тие мали, но моќни плодови се крие тајната на долговечноста на луѓето од Тибет, од каде што потекнува. Го нарекуваат „волчја бобинка“, „среќна бобинка“, „црвен дијамант“, „лициј“ (Lycium barbarum). На Хималаите, со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Расте 1,5 до 2 m во височина. Цвета од мај до крајот на септември, а плодовите сукцесивно созреваат од јуни до крајот на октомври. Плодовите се јадат свежи или сушени. Од гоџи се прават сокови, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите.

На почетокот од овој век, нивната популарност расте, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благотворно дејство врз здравјето на луѓето. Американските стручњаци го сметаат за овошје на векот! Во светот не постои толку силен додаток во исхраната против стареењето!

Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale -Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), гоџи е супериорно прв! Да појасниме дека, колку што е позицијата повисока на ORAC скалата, толку повеќе храната има способност да ги уништува слободните радикали, кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.