БИОПЛАНТ сокот од јаболко го правиме од македонски стандардни конзумни јаболка. Со внимателно одбирање и микс на неколку сорти јаболкa добиваме комбинација која прави сокот да го има вистинскиот сооднос на јаболкова арома и овошни шеќери, со неспоредлив вкус и квалитет кој е погоден за конзумација од страна на сите возразни групи. Не користиме концентрат, шеќер или друг засладувач, вештачка арома или конзерванс, вообичаена пракса кај многу други производители на т.н. “природни” сокови.
Нутритивни вредности на 100 ml сок:

  • Енергија: 58 kcal/244 kJ
  • Масти: 0,00 %
  • Јаглехидрати: 14,20 %
  • Влакна: 0,25 %
  • Протеини: 0,44 %
  • Сол: 0,035 %