Органски сок од Јаболко 2019-03-08T08:35:07+00:00

Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванси!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ЈАБОЛКО

органски сок од јаболко

БИОПЛАНТ сокот од јаболко го правиме само од сертифицирани органски македонски јаболка. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија.

organic haccp logo

Сертификати за органско производство
Кликните врз сликите за да ги зголемите

Дознај повеќе

стаклено шише од 250 ml
(дневна доза)

89 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

неделно пакување:
7 x 250 ml + 1 гратис

623 ден
  • (78 ден шише од 250 ml)

месечно пакување:
30 x 250 ml + 6 гратис

2,670 ден
  • (74 ден шише од 250 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

стаклено шише од 750 ml
(семејна дневна доза)

179 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

неделно пакување:
7 x 750 ml + 1 гратис

1,253 ден
  • (157 ден шише од 750 ml)

месечно пакување:
30 x 750 ml + 6 гратис

5,370 ден
  • (149 ден шише од 750 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ:
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА ДО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ КАНЦЕЛАРИЈА за сите неделни и месечни пакувања. Испораката се врши низ цела Македонија.
Јавете се на тел. 075 30 60 30 или посетете ги нашите простории.

Доколку НЕ купувате неделен  или месечен пакет, испораката се наплаќа според ценовникот на КАРГО ЕКСПРЕС. Минимална нарачка е едно шише (250 или 750 ml).

Бенефити од органскиот сок од јабоко

Ние во сокот не додаваме вода, шеќер ниту конзерванси. Сокот има рок на траење една година и не се расипува затоа што со помош на кратка пастеризација, при затворањето на шишињата, се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот. По отворањето, сокот се чува во ладилник и трае два дена.

Органскиот сок од јаболко е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам: витамини C, A, E, B1, B2, B6, бета-каротен, диетални влакна, минерали, калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Благодарение на високиот процент на јагленохидрати, посебно фруктоза (овошен шеќер) и глукоза (гроздов шеќер), го снабдува организмот со енергија, го спречува заморот и губењето концентрација.

Сокот од јаболко успешно ја гаси жедта и освежува после напорен тренинг. Значајно го смалува ризикот од добивањето срцеви заболувања, лош холестерол, астма, болести на бубрезите и црниот дроб. Благодарение на калиумот, го стимулира лачењето на вишокот течности од телото, што го прави одличен за губење на тежината. Исто така е одличен за луѓето кои страдаат од артритис и ревматизам, го подобрува функционирањето и здравјето на цревата со спречување на појава на запек, го подобрува варењето на храната и елиминирањето на штетните материи од телото. Содржи антиоксиданси кои можат да ја спречат појавата на рак.

На сите етикети од БИОПЛАНТ соковите ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во единствената фабрика во Македонија што произведува исклучиво органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи

Pin It on Pinterest

Share This