organski sok od goji i malina 2019-01-21T15:01:57+00:00

Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванси!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ГОЏИ И МАЛИНА

органски сок од гоџи и малина

БИОПЛАНТ сокот од гоџи и малина го правиме само од сертифицирани органски суровини: гоџи, малина и јаболко. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија.

Дознај повеќе


стаклено шише од 250 ml
(дневна доза)

139 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

неделно пакување:
7 x 250 ml + 1 гратис

973 ден
  • (122 ден шише од 250 ml)

месечно пакување:
30 x 250 ml + 6 гратис

4,170 ден
  • (116 ден шише од 250 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

стаклено шише од 750 ml
(семејна дневна доза)

279 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

неделно пакување:
7 x 750 ml + 1 гратис

1,953 ден
  • (244 ден шише од 750 ml)

месечно пакување:
30 x 750 ml + 6 гратис

8,370 ден
  • (232 ден шише од 750 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ:
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА ДО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ КАНЦЕЛАРИЈА за сите неделни и месечни пакувања. Испораката се врши низ цела Македонија.
Јавете се на тел. 075 30 60 30 или посетете ги нашите простории.

Доколку НЕ купувате неделен  или месечен пакет, испораката се наплаќа според ценовникот на КАРГО ЕКСПРЕС. Минимална нарачка е едно шише (250 или 750 ml).

Бенефити од органскиот сок од гоџи и малина

Нашиот финален производ е матен сок од гоџи и малина, со неспоредлив вкус! Тоа е комбинација што до сега не е видена во Македонија, а плус е 100% органски производ.

За да се добие питок сок, гоџито и малината ги мешаме со сок од јаболко, во однос во кој доминира вкусот и мирисот на малината, а гоџито дава на сокот посебен шмек.

Гоџи е супериорно овошје за кое имаме дадено детални објаснувања на овој сајт, но и во описот на сокот од гоџи и јаболко. Малината е омилен деликатес за многумина. Таа е богата со витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди и биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси, па затоа малината има благотворно дејство при многу здравствени проблеми.

Сокот од гоџи и малина е многу повеќе од сок! Тој е и сок, и храна, и лек! Тој е вистинска мала ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Препорачливо е дневно да се пијат 250 до 500 ml од овој сок, со што се задоволуваат сите дневни потреби од антиоксиданси, витамини и минерали.

Ние во сокот не додаваме вода, шеќер ниту конзерванс. Сокот не се расипува затоа што со помош на мошне кратка пастеризација, при затворањето на шишињата, се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот.

На сите етикети од БИОПЛАНТ соковите ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во единствената фабрика во Македонија што произведува исклучиво органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи