Органски сок од Гоџи и Јаболко 2019-03-08T08:41:34+00:00

Ве покануваме да дојдете во BIOPLANT (Анима ДООЕЛ) и бесплатно да ги пробате сите вкусови.
Кај нас можете да ги купите сите сокови по подолу наведените цени.

Нема додадено вода, шеќер и конзерванси!

100% СВЕЖО ЦЕДЕН ОРГАНСКИ СОК ОД ГОЏИ И ЈАБОЛКО

органски сок од гоџи и јаболко

БИОПЛАНТ сокот од гоџи и јаболко го правиме само од сертифицирано органско гоџи, произведено од нашите кооперанти ширум Македонија и од македонски сертифицирани органски јаболка. Внимателно ги одбираме здравите плодови, ги миеме, ги мелиме и пресуваме, а капките сок ги пакуваме во стаклена амбалажа, бидејќи во неа вкусот останува непроменет. За да го спречиме влијанието на сончевите зраци врз квалитетот и вкусот на сокот, користиме современа технологија со која го прекриваме целото шише со специјална фолија.

organic haccp logo

Сертификати за органско производство
Кликните врз сликите за да ги зголемите

Дознај повеќе

стаклено шише од 250 ml
(дневна доза)

119 ден
  • цена за едно шише од 250 ml

неделно пакување:
7 x 250 ml + 1 гратис

833 ден
  • (104 ден шише од 250 ml)

месечно пакување:
30 x 250 ml + 6 гратис

3,570 ден
  • (99 ден шише од 250 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

стаклено шише од 750 ml
(семејна дневна доза)

239 ден
  • цена за едно шише од 750 ml

неделно пакување:
7 x 750 ml + 1 гратис

1,673 ден
  • (209 ден шише од 750 ml)

месечно пакување:
30 x 750 ml + 6 гратис

7,170 ден
  • (199 ден шише од 750 ml)

Сите цени се со вклучен ДДВ

ПРОМОТИВЕН ПОПУСТ:
БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА ДО ВАШИОТ ДОМ ИЛИ КАНЦЕЛАРИЈА за сите неделни и месечни пакувања. Испораката се врши низ цела Македонија.
Јавете се на тел. 075 30 60 30 или посетете ги нашите простории.

Доколку НЕ купувате неделен  или месечен пакет, испораката се наплаќа според ценовникот на КАРГО ЕКСПРЕС. Минимална нарачка е едно шише (250 или 750 ml).

Бенефити од органскиот сок од гоџи и јаболко

Нашиот финален производ е матен сок од гоџи и јаболко. До сега во Европа не е произведен ваков микс, а особено сме горди што ние не увезуваме гоџи, туку за нашите сокови користиме исклучиво македонско органско гоџи.

Гоџи е супериорно овошје кое, благодарение на нашиот самостоен проект започнат во 2014-та година (кога нашите кооперанти со кои склучивме договор за откуп ги засадија првите површини со гоџи садници набавени од нас) е едно од најзастапените овошни култури во органското производство во Македонија. Гоџито успева ширум Македонија и бројот на новоподигнати плантажи постојано се зголемува. Тоа е и причината за отворањето фабрика за преработка на органското гоџи во сок со неспоредлив вкус. Одгледувањето гоџи дефинитивно е најпрофитабилниот агро-бизнис во Македонија.

Малите, но моќни црвени плодови во себе содржат 18 аминокиселини (од кои дури 8 се есенцијални, т.е. незаменливи, бидејќи човечкото тело не ги синтезира), 21 минерал (меѓу кои антиканцерогениот германиум, потоа калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен, јод и др.), 29 видови есенцијални масни киселини, 6 основни витамини (C, B1, B2, B3, E и А), многу протеини, полисахариди и бетаин. Гоџи е најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници. Според американската скала што ги мери антиоксидантните својства на храната (ORAC scale) – гоџи е супериорно прв и затоа гоџито има способност да ги уништува слободните радикали кои го нарушуваат здравјето, предизвикуваат хронични заболувања и го забрзуваат процесот на стареењето.

Поради богатството од хранливи состојки, гоџито има навистина широк спектар на делување: го зајакнува имунолошкиот систем, го забавува процесот на стареење, дава сила и енергија, спречува леукемија и други карциноми, спречува болести на срцето и крвните садови, има антибактериски и антивоспалителни својства, ја подобрува плодноста кај жените, го подобруваат квалитетот на спермата, го подобрува видот, ја подобрува циркулацијата во целиот организам, штити од појава на дијабет, ја зголемува еластичноста и влажноста на кожата, а служи и како афродизијак.

Комбинацијата на гоџи и јаболко, претворена во сок со неспоредлив вкус, е вистинска ризница од состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам.

Ние во сокот не додаваме вода, шеќер ниту конзерванс. Сокот не се расипува затоа што со помош на мошне кратка пастеризација, при затворањето на шишињата, се добива “природен вакуум” кој не дозволува воздухот да допре до сокот.

На сите етикети од БИОПЛАНТ соковите ќе го најдете официјалниот симбол за органски производ, со кој освен што се гарантира дека производот 100% е органски, се потврдува и нашата посветеност за зачувување на здравјето на потрошувачите и нашата грижа за еколошка здрава средина.

БИОПЛАНТ соковите се прават во единствената фабрика во Македонија што произведува исклучиво органски сокови и која е сертифицирана за органско производство по европски стандарди.

Можеби ќе Ве интересираат и останатите наши производи

Pin It on Pinterest

Share This