Loading...
odgleduvanje goji 2018-07-03T11:08:30+00:00

Гоџи е на листата на овошни култури во РМ и за него следуваат субвенции од државата

Комерцијалниот интерес за гоџи, во светски рамки, е огромен. Направени се инвестиции за милијарди долари, кои вклучуваат одгледување, чување, обработка, пакување и дистрибуција на гоџи. Има интерес за сите видови гоџи продукти: свежи, замрзнати или сушени плодови, преработки како сок, слатко, екстракт и др.

Гоџи успева на речиси секакви почви до шеста-седма категорија, со pH вредност од 5 до 8, а поалкалните и порастресити почви се идеални. Земјиштето не смее да содржи тешки метали и не смее да има голема влажност (идеалната влажност е околу 50%).

БИОПЛАНТ нуди сертифициран саден материјал од гоџи (Lycium barbarum) од сортата Ningxia No.1, која се одликува по својот крупен и вкусен плод. Растението е повеќегодишно и дава плод повеќе од 30 години.

За богат род потребно е наводнување (најдобро е со систем капка-по-капка), така што секоја садница треба неделно минимално да добива 10-15 литри вода.

За плантажно одгледување, каде што обработката на почвата се врши механизирано, растојанието меѓу редовите треба да биде помеѓу 2 и 2,5 m, а меѓу садниците помеѓу 1 до 1,5 m. Ние препорачуваме 400 садници за 1 dkа (1.000 m2).

За помали насади или за домашни градини, каде што обработката на почвата се врши рачно, растојанието меѓу редовите може да биде 1,5 m, a меѓу садниците 1 m.

Во просторот помеѓу редовите препорачуваме да се посее детелина, која ќе ја спречи појавата на коров, која ќе го пренесува азотот од воздухот во почвата и ќе ги привлекува пчелите со своите цветови.

Негата на посевите се врши на пролет, кога растението се обликува и крои, а заштитата се врши со препарати дозволени во органското производство.

Плодот созрева сукцесивно, па затоа има повеќе берби, кои започнуваат од јуни и траат до крајот на октомври, но главната берба е во август и септември. Берењето се врши рачно.

Плантажното одгледување на гоџи е најпрофитабилниот агробизнис во Македонија, благодарение на гарантираниот откуп кој БИОПЛАНТ го обезбедува само на своите кооперанти.

На табелата подолу се дадени официјални информации од државниот завод за статистика, колку изнесуваат просечните бруто добивки од некои земјоделски култури во Македонија (со вклучени субвенции), за да можете да ги споредите со бруто добивките (и тоа без вклучени субвенции) кои би ги добиле од плантажното одгледување гоџи.

Вид на култура Вкупен просечен годишен приход
од 1 dkа во Македонија, во EUR
Пченица 80-90
Пченка 100-110
Компир 200-210
Грозје (вранец) 300
Тутун 300-400
Јаболка 350-400
Ориз 500-600
Домати 800-850
Лешник (некршен, по 7-ма год.) 1.000

Од плантажното одгледување на гоџи годишно може да се заработат многу повеќе пари од која било друга култура (видете ја долната табела).

Гоџи сорта Ningxia No.1 Минимален принос Гарантирана цена Вкупен годишен приход од откуп,
без додадени субвенции
од 1 dka (400 садници)
Прва година 0,0 kg * *
Втора година 0,5 kg * *
Трета година 1,0 kg 5 EUR/kg 2.000 EUR
Четврта година 1,5 kg 5 EUR/kg 3.000 EUR
Од петтата година 2,0 kg 5 EUR/kg 4.000 EUR
Од шестата година,
па натаму
3,0 kg 5 EUR/kg 6.000 EUR

* Гарантираната цена од 5 EUR/kg се однесува само за органско гоџи, берено со петелка. Доколку ни доставите гоџи без петелка, откупната цена ќе биде 4 EUR/kg.
Сертификатот за 100% органски производ се добива од третата година, па затоа во горнатаа табела приходот започнува од третата година.
Доколку втората година ни понудите гоџи за кое имате сертификат за органско во транзиција, Биоплант ќе го откупи понуденото гоџи, но по пониска цена од онаа што ќе ја добиете за 100% органски произведено гоџи.

Напомена: во горната табела минималниот принос на гоџи се однесува на органско произведено гоџи, додека приносите во конвенционалното производство се значително поголеми.