­
Биоплант


Посета на колегите од Србија

На 23.10.2013 година, нашиот тим ги посети колегите од AS UNION, од Суботица, ексклузивни дистрибутери на BIO TREE за Србија, Хрватска и БиХ. Нашите колеги ни приредија срдечен пречек и ни покажаа плантажи со гоџи и пауловнија, каде што направивме неколку фотографии.


Плантажа со гоџи блиску Суботица.

 


Директорот на AS UNION, г-дин Стеван Бошњак покажува гоџи посадено во втората половина на мај 2013 година. По само неколку месеци добиени се просечно по 3 kg плод од секое растение.

 


За првпат вкусивме свежо гоџи - многу е поразлично од сушеното, а секако и поздраво!

 


Мала плантажа со пауловнија, близу Суботица. Дрвјата се насадени мај 2012, а на крајот од месец март се отсечени до земја. За само 6-7 месеци имаат пораснато повеќе од 6 m! Огромни листови лежеа на земјата, а оние што сеуште одолеваат на есента, беа полуисушени.